Студирајте во Нова Горица – градот на културата, ружите и прекрасните вкусови

Градот во кој цветаат ружите, во кој што убавината на природата е испреплетена со одличната гастрономија и вкусовите на врвните приморски вина, исто така Нова Горица е и културна престолнина. Градот Нова Горица на своите жители, посетители и на сите вљубеници во културата им нуди богат избор на квалитетни содржини. Шарената фестивалска манифестација, која што ќе трае до ноември, го потврдува епитетот фестивалски Град на културата 2019 година. Заедно со блиската италијанска Горица, Нова Горица се натпреваруваат за Европска престолнина на културата 2025 година.