СТУДИРАJ ВО СЛОВЕНИЈА

БЕСПЛАТНО СТУДИРАЊЕ

За сите државјани на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, како и за сите граѓани на ЕУ, додипломските и магистерски студии во Словенија се целосно бесплатни. Ова важи за сите државни факултети и виши школи, но и за некои приватни факултети на кои постојат субвенционирани програми, што значи дека целосните трошоци за студирање ги покрива државата.

СТУДИРАЊЕ СПОРЕД БОЛОЊСКИОТ ПРОЦЕС

Високото образование во Словенија се одвива според Болоњскиот процес. Основните студии траат три години, магистерските студии две години, а постојат и интегрирани студии во траење од пет години (3+2). По магистерските студиите, студентите може да се запишат на докторски студии во траење од три години. Студирањето на вишите школи трае две години и вклучува многу практична настава. Единствената форма на студии која не постои во Словенија се специјалистичките студии во траење од една година.

БЕЗ ПРИЕМНИ ИСПИТИ

Уписот на словенечките факултети и виши школи се врши без приемни испити.
Исклучок се уметничките факултети, спортските академии и архитектонскиот факултет.
На поголемиот број студиски програми не бараат сертификат за познавање на словенечкиот јазик. Исклучоци се: новинарство, право, медицина и нега, словенистика; психологија и педагогија.

ОБРАЗОВНИ УСТАНОВИ

Идните студенти може да ја градат својата академска кариера на некој од 5-те универзитети, 48 самостојни високообразовни институции или на некоја од 46-те виши школи. Универзитетски градови во Словенија се: Љубљана, Марибор, Копер и Нова Горица. Некои од вишите школи се наоѓаат и во Цеље, Велење, Мурска Собота и во Пиран. Напоменуваме дека сите студиски програми се акредитирани од страна на Министерството за високо образование, наука и технологија и пред законот сите имаат иста вредност.

СТУДЕНТСКИ ПРАВА

Во текот на студирањето, студентите имаат право еднаш да ја обноват годината или евентуално да се префрлат на некоја друга програма на кој било универзитет или факултет, односно да искористат дополнителна апсолвентска година. Во случај на пауза, студентите го губат правото на државни субвенции за градски превоз, на бонови за исхрана и на основно здравствено осигурување.

СТУДЕНТСКА РАЗМЕНА

Сите студенти имаат право да ги користат програмите за студентска размена (Еразмус+) и еден дел од своите студии да го поминат на некој од партнерските факултети во Европа. Студентите кои успешно ќе се пријават на некоја од програмите, добиваат мотивација во вид на стипендија затоа што на студентската размена се гледа како на скапоцено искуство.

РАБОТА ЗА ВРЕМЕ НА СТУДИРАЊЕТО

За разлика од поголемиот број земји во ЕУ, студентите во Словенија имаат право легално да работат преку студентскиот сервис. Со заработените пари некои од студентите во целост ги покриваат тековните студентски трошоци. За многу идни студенти ова ќе биде и прво работно искуство во ЕУ.

ЕУ ДИПЛОМА

Дипломата стекната на кој било словенечки факулте е признаена во ЕУ и во скоро сите светски земји, вклучувајќи ги САД, Канада и Австралија.

МОЖНОСТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

На словенечките факултети, а посебно на вишите школи, голем акцент се става на практичниот дел на наставата, која обично се изведува во фирмите со кои факултетот или вишата школа имаат договор за соработка. Треба да се истакне дека студентите се платени за време на праксата, како и тоа дека голем број од нив се вработуваат во фирмите каде што оделе на пракса.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте бесплатна консултација од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х