Светски ден на правото јавноста за знае

Како ден на правото јавноста да знае избран е 28 септември и тоа во Софија 2002 година кога разни организации од граѓанскиот сектор од многу земји се приклучија на организацијата Freedom of Information Advocates Network (FOIAnet).

Photo: Unsplash/Eliabe Costa

Овој ден се одбележува со низа акции, иницијативи, тркалезни маси и други активности кои ја истакнуваат важноста на правото на пристап до јавните информации како основно човеково право, придонесувајќи за поотворено и демократско општество и овозможувајќи им на поединци и на цивилното општество активно учество во важните јавни и правни работи.