Тимот на 2ТМ заминува за Македонија

Вработените од 2ТМ во периодот помеѓу 9 и 14 февруари 2020 ќе бидат во посета на Скопје, Куманово и Велес, во Македонија, каде што ќе вршат презентации и консултации, и на учениците од завршните години на средните училишта ќе им ги претстават предностите на студирањето во Словенија, ќе одговараат на нивните прашања во врска со уписните рокови, условите за упис, изборот на студиски програми, како и на општи прашања за студентскиот живот во Словенија.