Тимот на компанијата 2TM во периодот од 4 до 10 декември 2019 ќе биде во Скопје, Македонија

Тим од компанијата 2TM ќе биде во посета на Скопје во периодот од 4 до 10 декември 2019 год., каде што ќе одржи презентации и советување. Тие на учениците од средните училишта кои наскоро ќе матурираат ќе им ги претстават предностите на студирањето во Словенија, ќе одговараат на прашања за роковите и постапките за запишување, условите за запишување, изборот на студиски програми и општи прашања за студентскиот живот во Словенија.

Не ја пропуштајте оваа одлична можност и информирајте се од прва рака за студирањето во Словенија!