Тимот од економскиот факултет при универзитетот во Љубљана победи на финалниот турнир во Бизнис лигата на фудбалската федерација на Република Словенија

Во неделата на 16-ти јуни 2019 година, во Спортскиот парк Радомље се одржа финалниот турнир во Бизнис лигата на Фудбалската федерација на Република Словенија, во кој што земаа учество 12 најдобри тимови од целата земја (по 4 најдобри од лигата на Љубљана, Марибор и Копер).

Тимот од економскиот факултет од универзитетот во Љубљана во упорна борба и во услови на голема жештина (од +35 степени целзиусови), оствари 5 победи и еден нерешен натпревар, по втор пат во историјата стана најдобар фудбалски тим во земјата помеѓу бизнис школите и економските факултети. Во 2018 година на ист турнир тимот го зазема третото место.    

Да додадеме дека победата ќе му овозможи тимот право на учество на Европскиот шампионат, кој што ќе се одржи во Бугарија есента 2019 година.

Извор: efnet.si