Тимот од факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор го освои третото место на меѓународниот конкурс во Полска

Тимот од факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор го освои третото место на меѓународниот конкурс International management cup, кој што секоја година се организира од компанијата EUREL. Тоа е стратешка бизнис симулација за студенти и млади инженери по електротехника од цела Европа.

Стратешката симулација ја разработи компанијата Siemens, која што ја користеше истата за подготовка на своите кадри, со оглед на тоа што таа опфаќа такви гранки, како што се истражување и развој, производство, маркетинг и продажба.

Финалето на конкурсот се одржа во септември 2019 година во Варшава, Полска. Тимот од факултетот беше претставен од Ана Керблер, Рок Речник и Гашпер Хабјан.

Извор: feri.um.si