Тимот од универзитетот во Марибор го зазема првото место на меѓународниот конкурс за роботи

Во германскиот град Хеилброн се одржа 17-от меѓународен конкурс за земјоделски роботи. Во рамките на конкурсот учестниците требаше да изработат свои роботи за автономно движење по поле по однапред позната маршрута („Основна навигација“) и по произволна маршрута („Проширена навигација“). Конструкторите на роботи го мапираат полето („Картографија“), а исто така и се натпреваруваат во проширување на други задачи од областа на земјоделието („Фристајл“).

На конкурсот земаа учество претставници од универзитетот во Марибор. Во состав на тимот се најдоа: Гашпер Фридрих, Жан Монгус, Ерик Рихтер, Бенјамин Заложник (факултет за земјоделие и биосистемски науки), Петер Бернад (факултет за природни науки и математика), Доминик Храстник, Миха Кајбич, Урбан Кенда, Ернеј Млинарич, Валентин Подкрижник, Кристиан Полович, Матиц Рашл, Луха Слапник, Лука Шелих, Ерик Вох, Аљјаж Зајц (факултет за електротехника, компјутерски науки и информатика).

Во рамките на предметот „Биосистемски инженеринг“ студентите од универзитетот во Марибор го разработија и претставија роботот FarmBeast – систем за отстранување на пиреј. Роботот FarmBeast го пронаоѓа пирејот и го отстранува со помош на термална обработка (ласер), а ако пирејот е во почетна фаза – механички го отстранува (го сече со помош на конец). Ако станува збор за веќе раширен пиреј кој што е тешко термички  или механички да се отстрани тогаш, роботот применува хемиска обработка.

Според резултатите од натпреварувањето тимот на студенти од универзитетот во Марибор под раководство на доцент доктор Јуриј Ракун и професор доктор Миран Лакот го заземаа првото место во категоријата „Фристајл“ и добија високи оценки од публиката и жирито.

Извор: um.si