Трето предновогодишно среќавање со истражувачите на Универзитетот во Марибор

Универзитетот во Марибор, во петок на 14 декември 2018 година, организира „Трето предновогодишно среќавање со истражувачите на Универзитетот во Марибор“, каде што ќе ги претстават компетенциите и капацитетите на Универзитетот во Марибор, со посебен акцент на најдобрите развојно – истражувачки достигнувања на членките на Универзитетот во Марибор. Коорганизатори на среќавањето се JUENE (Youth Entrepreneurs of Europe Union) и Општина Хоче – Сливница. 

Целта на настанот е да се претстави Универзитетот во Марибор, кои по меѓународните листи, во последните години се рангира меѓу 3% најдобри универзитети во светот, како важен развојно – истражувачки партнер на поширокото меѓународно подрачје.

Покрај горенаведеното, настанот нуди пред се можност за опуштено дружење на истражувачите, стопанствениците и оние кои ги кројат политиките со цел за поефикасно истражувачко – развојно и деловно работење. До денес, учеството го потврдија повеќе од 100 учесници на водечки места во претпријатијата и други јавни установи,  а ќе учествуваат и ректорот на Универзитетот во Марибор проф.др. Здравко Качич, министерот за економски развој и технологија Здравко Почивалшек, в.д директорот на Директоратот за наука на Министерството за образование, наука и спорт др. Мета Дробникар, градоначалникот на Општината Хоче – Сливница др. Марко Соршак и претседателот на Youth Entrepreneurs of Europe Union Andrea Gelfi.

Учеството на настанот е бесплатно. Предходна пријава е потребна на веб страната.

За сите дополнителни информации и пријави можете да се обратите кај г.Марушко Чус од Службата за пренос на знаења и технологии на Универзитетот во Марибор, на електронската пошта: maruska.cus@um.si или на телефонскиот број 02 23 55 289.

Извор:um.si