Трошоци на студентите во Словенија

Како што е повеќепати споменато, високото образование во Словенија за државјаните на земјите од поранешна Југославија, е бесплатно. Сепак, додека живее и студира во Словенија, студентот неминовно има доста трошоци. Анализираме колку чини животот на еден странски студент во Словенија месечно, земајќи ги предвид трошоците за стан, храна, превоз, одмор и разонода.