Центрите за кариера од универзитетот во Љубљана за учениците од средните училишта ќе одржат бесплатна летна школа

Во периодот од 26-ти до 30-ти август 2019 година центрите за кариера од универзитетот во Љубљана ќе одржат бесплатна летна школа „Повеќе од 360 шанси, кои што те чекаат“, наменета за учениците од средните училишта во земјата.

Школата ќе им овозможи на учениците од цела Република Словенија да ги разоткријат своите интереси, таленти, лични квалитети, да се запознаат со постапката за запишување на универзитетот во Љубљана, со професиите на иднината, со меѓународните програми за размена на студенти и со условите за стипендирање, а исто така и да поразговараат со претставниците на компанијата и организацијата.

На летната школа ќе земат учество 16 факултети и 1 академија од универзитетот во Љубљана, а исто така 12 компании и организации. Учениците ќе се запознаат со содржините на студиските програми и професиите со кои што се стекнуваат студентите од овие студиски програми.

Проектот го финансираат Република Словенија и Европската Унија од средства на Евроскиот социјален фонд.

Подетално Facebook

Извори: uni-lj.si, kc.uni-lj.si