Учениците од основните училишта во Марибор освоија 4 медали на Меѓународните игри за ученици во градот Уфа

Во градот Уфа (Башкортостан, Русија) се одржаа 54-те Меѓународни игри за ученици на кои што земаа учество околу 1200 млади спортисти (на возраст од 12 до 15 години) од 85 градови на 30 земји од светот. Република Словенија на натпреварот ја претставуваа ученици од Марибор, Словењ Градца, Велење, Цеље, Равне на Корошкем, Шентиља и Песници.

Од Марибор на Меѓународните игри за ученици учествуваа околу 22 ученика. За прв пат во историјата учениците од Марибор освоија медали во сите три спортски дисциплини, каде што учествуваа. Тие освоија и еден сребрен медал и три бронзени.

Сребрен медал во трчање на 800 метри освои Петја Клојчник, а бронза – Лаура Чрчек, Ева Фељтрин Косец, Миха Удуч, Јака Борец (штафета, пливање слободен стил). Уште две бронзени медали освоија џудистите – Дмитриј Чајников (во категорија до 66 килограми) и Нежа Месичек (во категорија до 44 килограми).

Извор: vecer.com