Учениците од Занаетчиската школа во Копривница (Хрватска) имаа практика во Образовниот центар во Велење

Во Школата за машинство, геотехника и животна средина и Школата за електротехника и компјутерски науки при Образовниот центар во Велење во периодот од 18-ти ноември до 06-ти декември 2019 годна се одржа практика на десет ученици од Занаетчиската школа од Копривница. Практичната подготовка на хрватските ученици се одржа во рамките на проектот за мобилност Erasmus+.

Под раководство на професорите од Образовниот центар во Велење учениците се запознаа со тродимензионалното моделирање, ЦНЦ програмирање, ласерско гравирање, тродимензионално печатење, „паметни“ инсталации и програмирање за мобилни апликации. Професори на хрватските ученици им беа Вилијам Осојник, Јоже Хроват, магистер Бранко Дворшак и Рок Урбанц.

Во петокот, на 06-ти декември 2019 година, на учениците им беа врачени сертификати за успешно завршената практика. Да додадеме, дека учениците  од Копривница беа многу пофалени посебно за мотивацијата за стекнување на нови знаења.

Извор: scv.si