Универитетот од Марибор зема учество во проектот „Крстосница на науката и економијата“ на Меѓународната изложба на занаети и претприемништво

Од 10-ти до 15-ти септември 2019 година, по четврти пат по ред, најголемите научно-истражувачки институции во Република Словенија ќе земат учество во проектот на министерството за образование, наука и спорт „Крстосница на науката и економијата“ во рамките на 52-та меѓународна изложба на занаети и претприемништво во Цеље.

Својата дејност и научните производи ќе ги претстават пет структурни оддели од универзитетот во Марибор: факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика, педагошкиот факултет, факултетот за енергетика, факултетот за економија и бизнис, машинскиот факултет.

Оваа година најголемо внимание ќе се посвети на проникнувањето на новите технологии, новите технолошки процеси, технолошките иновации, новите професии и современите студиски програми. Оваа година настанот ќе биде посветен на микротехнологијата, биотехнологијата и нанотехнологијата, а исто така и на вселенската технологија. На тој начин „Крстосницата“ ќе биде место за унапредување на словенечката наука и воспоставување на поинтензивна соработка помеѓу науката и економијата.

Да напоменеме дека во 2018 година на една ваква изложба најмногу иновации презентирал факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика од универзитетот во Марибор, Институтот за хемија од Љубљана, Институтот Јожеф Штефан и факултетот за електротехника од универзитетот во Љубљана.

Извор: um.si