Универзитет во Љубљана

Универзитетот во Љубљана е најголем универзитет во Словенија, со седиште во главниот град на државата. Универзитетот во Љубљана е основан во 1919 година и е најстарата образовна и истражувачка институција во Словенија. Исто така, спаѓа во најголемите универзитети во Европа – на него се школуваат повеќе од 40000 студенти, а вработени се повеќе од 5600 наставници, истражувачи и друг персонал. Најпопуларни програми на овој универзитет се програмите од областа на општествените, природните и техничките науки.

Photo: MedCruiseGuide.com on VisualHunt.com / CC BY

Универзитет во Љубљана (Univerza v Ljubljani), Словенија

Според рејтингот на ARWU (Шангај), TIMES и WEBOMETRICS, Универзитетот во Љубљана се наоѓа меѓу 500. најдобри универзитети во светот и е член на многу европски здруженија од областа на образованието.

Меѓународни односи

Љубљанскиот универзитет соработува со најпрестижните универзитети во Европа. Наставниците, истражувачите и студентите активно се вклучени во заеднички образовни и истражувачки проекти, чија цел е зајакнување на интернационализацијата на универзитетот. Тоа се постигнува со поголемо вклучување и со поголема интеграција во меѓународните истражувачки проекти, како и со зголемување на бројот на странските наставници и студенти, а и со зголемување на студентските размени.

Универзитетот во Љубљана соработува со повеќе од 30 високошколски институции од Југоисточна Европа и со повеќе од 100 универзитети во странство (Европа, Австралија, Бразил, Индија, Јапонија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Канада, Казахстан, Колумбија, Кина, Мексико, Русија, Тајван, Турција, Уругвај и САД). Студентите и професорите активно се вклучени во програмите за размена Еразмус, Еразмус Мундус и ЦЕЕПУС (Централноевропска програма за размена). Повеќе од 1100 студенти од Универзитетот во Љубљана биле на пракса во странство, а повеќе од 1400 странски студенти стажирале на Универзитетот во Љубљана. Поголемиот број од студентите стажираат во Љубљана преку програмите Еразмус+, ЦЕЕПУС, како и преку билатерални или индивидуални договори.

Универзитетот во Љубљана учествува на повеќе од 400 европски и 100 меѓународни проекти, на 150 истражувачки програми и на повеќе од 210 проекти од фундаментално значење. Во 2015 година на Љубљанскиот универзитет се запишале 10200 студенти од Словенија и од странство.

Универзитетот активно учествува во меѓународни асоцијации, како што се Утрехтската мрежа, која е тесно поврзана со универзитетското здружение  MAUI (САД) и со асоцијацијата на универзитетот AEN (Австрија). Универзитетот во Љубљана е исто така активен во здружението UNITZ (здружение на универзитети кои се наоѓаат во главни градови).

Од 2003 година Универзитетот во Љубљана е полноправен член на EUA (Унија на европските универзитети), каде што активно ги разгледува прашањата поврзани со системот за високо образование и со истражувачката политика. Истата година, Универзитетот во Љубљана му се приклучи на здружението EUCEN, кое разгледува прашања поврзани со доживотното образование. Исто така, Универзитетот е член на CEI (Централноевропска иницијатива).

Познати студенти

На Универзитетот во Љубљана студирале многу важни личности повразни со општествено-политичкиот живот на Словенија, како што се: актуелниот словенечки претседател Борут Пахор, поранешните претседатели Данило Турк и Милан Кучан, политичарите Алојз Петерле и Јоже Пучник, поетите Томаш Шаламун и Франц Балантич, писателите Едвард Коцбек, Владимир Бартол, Фери Лаиншчек и Алојз Ребула и сопругата на актуелниот претседател на САД – Меланија Трамп

Под Универзитетот во Љубљана спаѓаат 23 факултети, 3 академии и 3 асоцијации.

За да добиете лична консултација, контактирајте професионалец…

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

и добијте бесплатна консултација од нашите специјалисти



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ:



Политика за заштита на личните податоци

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

Инсталацијата на ова поле за потврда е неопходна за испраќање на пораки!

х