Univerza v Mariboru je edina slovenska univerza uvrščena na Times Impact Rankings 2020

Универзитетот во Марибор годинава по втор пат учествуваше во рангирањето на „Times University Impact Rankings“. Со ова рангирање се утврдува како универзитетите се грижат и го вклучуваат одржливиот развој во својата работа. Универзитетот во Марибор годинава учествуваше со 6 цели на одржливиот развој (SDG – Sustainable Development Goals), при што беше пласирана помеѓу првите 401-600 вреднувани институции, од вкупно 766 коишто учествуваа.

Photo: Универзитетот во Марибор е квалитетна високошколска институција, која постојано се рангира помеѓу најдобрите 1.000 универзитети во светот/University of Maribor

Резултати:

3 Здравје и благосостојба, 301-400; од 620 вклучени

4 Квалитетно образование, 201-300; од 676 вклучени

5 Еднаквост на половите, 301-400; од 547 вклучени

8 Достојна работа и економски раст, 201-300; од 479 вклучени

9 Индустрија, иновации и инфраструктура, 101-200; од 494 вклучени

17 Партнерства и достигнување на целите, 401-600; од 806 вклучени

Списанието „Times Higher Education“ веќе 15 години објавува различни прегледи на најдобрите универзитети во светот. Резултатите од овие рангирања потврдуваат дека Универзитетот во Марибор е квалитетна високошколска институција, која постојано се рангира помеѓу најдобрите 1.000 универзитети во светот.

Извор: um.si