Универзитетите од Република Словенија и Хрватска разменија искуства за дидактичко користење на информатичко-комуникациските технологии

Во ноември 2019 година помеѓу универзитетот од Марибор, универзитетот од Љубљана и универзитетот од Загреб се организираше размена на искуство за дидактичкото користење на информатичко-комуникациски технологии (ИКТ).

Во првиот дел од настанот Сандра Кучина Софтич ја претстави работата на водечкиот центар за високо онлајн образование во Хрватска E-learning Centre@SRCE. Понатаму се одржа презентација на проектите Digitalna UL (на универзитетор од Љубљана) и Didakt.UM (на универзитетот од Марибор). Во вториот дел од настанот се одржаа три практикуми: ABC method for e-course design (E-learning Centre@SRCE), „Активна обука со користење на инструментот Nearpod“ (на универзитетот од Љубљана) и „Визуелизација на студиските материјали со помош на Canvo“ (на Центрот за поддршка на предавањето од универзитетот во Марибор).

Во текот на настанот се одржа дискусија помеѓу учесниците и организаторите на практикумите за мониторингот при користењето на информатичко-комуникациските технологии во сферата на високото образование во Република Словенија и нивно имплементирање во разни области на обуката. На овој настан земаа учество професорите од високообразовните установи, вработените од универзитот од Марибор и универзитетот од Љубљана, коишто имаат различно искуство од областа на информатичко-комуникациските технологии.

Подетално за настанот

Извор: um.si