Универзитетите од Република Словенија им ги презентираа своите образовани програми на идните студенти од Република Северна Македонија

Во рамките на иницијативата Study in Slovenia заедно со амбасадата на Република Словенија во Скопје, Република Северна Македонија вработените, студентите и дипломците од универзитетот од Љубљана, универзитетот од Марибор, универзитетот од Нова Горица и Приморскиот универзитет во четвртокот, на 06-ти февруари 2020 година, организираа информативен настан за идните студенти од Република Северна Македонија во хотелот Alexander Palace во Скопје. На настанот земаа учество околу 400 лица.

Во својот говор амбасадорот на Република Словенија професор доктор Милан Јазбец го истакна квалитетното образование во Република Словенија и ги покани учесниците да се запишат на словенечките универзитети.

Во рамките на настанот беа презентирани можностите за образование во Република Словенија, воннаставните настани, програмите за мобилност, курсевите за словенечки јазик и други корисни информации. Студентите и дипломците од универзитетите го презентираа своето искуство во областа на обуката, раскажаа за бонусите за студентите и можностите за вработување преку студентските сервиси. Посебен интерес кај публиката предизвика информацијата, којашто се однесува на поднесувањето на пријави и текот на уписната кампања, а исто така и признато образование во странство.

Извор: uni-lj.si