Универзитетот од Љубљана и универзитетот од Болоња влегоа во мрежата на организатори на летни школи EIT Digital

Универзитетот од Љубљана и универзитетот од Болоња се приклучија кон мрежата на организатори на летни школи EIT Digital. Ова лето EIT Digital организира 12 бизнис школи и школи за технологија низ цела Европа. Клучната задача на школите е обука за можностите да се преобрази технологијата во бизнис.

Секоја летна школа EIT Digital има своја тематика, која што се изучува детално. Така, летната школа EIT Digital која што ќе се одржи во Љубљана во рамките на програмата „Дигитална трансформација за флексибилно управување со градовите“ ќе биде специјализирана во областа на дигитализацијата на „смарт“ градовите. Безбедните градови мораат да бидат максимално подготвени за екстремни ситуации – екстремни временски услови, земјотреси, пожари и терористички напади.

Летната школа EIT Digital трае 2 недели и комбинира напредни дигитални технологии и стручни знаења во областа на иновациите и претприемништвото. Студентите и специјалистите заеднички се обучуваат за тоа како да ги применуваат новите технологии во оперативна работа на претпријатијата и преку примери од сферата на бизнисот решаваат различни задачи, кои што се разработени од партнерите EIT Digital.

Информатичката технологија заедно со постоечките стратегии за борба со природни катастрофи овозможува создавање на нови начини за управување со природните катастрофи во градовите, вклучително  и анализа на настани. Мисијата да се направи Европа главен играч во дигиталната економија  е еден од клучните фактори за организација на летните школи EIT Digital и работата на партнерите.

EIT Digital е водечка европска организација за дигитални иновации и обука за претприништво, која што придонесува за дигитална трансформација на Европа. EIT Digital вади на пазарот напредни дигитални иновации, ги охрабрува претприемачите-иноватори да обезбедат економски раст и повишување на квалитетот на животот во Европа. Тоа се постигнува по пат на мобилизација на европскиот екосистем, кој што вклучува во себе 200 најдобри корпорации, мали и средни претпријатија, стратапи, универзитети и научно истражувачки институти. Како здружение на знаења и иновации на Европскиот институт за иновации и технологии, EIT Digital става акцент на претприемништвото, поврзувајќи ги образованието, науката и бизнисот, обединувајќи ги студентите, научниците, инженерите, разработувачите на  бизнис решенија и претприемачите.

Обуката се одржува врз база на заедничката европска мрежа на центри, кои што се наоѓаат во Берлин, Будимпешта, Ајндховен, Хелсинки, Лондон, Мадрид, Париз, Стокхолм и Тренте. Уште еден центар работи во Силиконската долина во Соединетите Американски Држави.  

Извор: efnet.si