Универзитетот од Љубљана, кој што ја празнува својата 100 годишнина, подготвува грандиозен „Пречек на студентите од прва година 2019“

Се приближува 01-ви октомври, а со самото тоа и почетокот на новата студиска 2019/2020 година, во која што се празнува 100 годишнината од основањето на универзитетот во Љубљана. Во чест на стартот на стотата студиска година на универзитетот ќе се одржи „Пречек на студентите од прва година 2019“. Настанот го организираат студенти под раководство на Студентскиот совет на универзитетот од Љубљана.

Во текот на празничниот настан студентите, вработените на универзитетот и сите останати гости ќе бидат запознаени со историјата на универзитетот од Љубљана и неговите 26 структурни единици; ќе ги претстават различните правци на делување, поврзани со обуката, а исто така и можностите за одржување на воннаставни настани. Настанот воглавном ќе биде насочен кон меѓусебно запознавање на студентите и презентација на различните видови на активности, со кои што тие ќе можат да се занимаваат на универзитетот во Љубљана, во неговите структурни единици и во Љубљана.

Според традицијата, секоја година, учесниците на настанот на 01-ви октомври  во 16:00 часот ќе се соберат на градскиот плоштад Конгресни трг, каде што ќе биде претставена информација за структурните единици на универзитетот во Љубљана. Во 17:00 часот ќе се одржи официјална церемонија за почетокот на студиската година. Ректорот на универзитетот од Љубљана професор доктор Игор Папич и деканите ќе ги поздрават студентите од прва година и другите студенти. Исто така сите можат да очекуваат добра музика и многу забавни настани. На крајот од настанот и во чест на почетокот на студиската година се подготвува изненадување за сите студенти и жители на Љубљана. Подетална информација можете да најдете на инстаграм страната: @studentskisvetul, каде што исто така се одржуваат различни квизови за студентите од прва година и другите студенти.

Извор: uni-lj.si