Универзитетот од Љубљана одржува бесплатен „Инкубатор за вработување“ за укажување помош на студентите на стартот од кариерата

Од понеделник, 10-ти февруари, до четврток, 20-ти февруари 2020 година, на факултетаите на универзитетот во Љубљана ќе се одржи бесплатен отворен студентски настан Zaposlitveni inkubator („Инкубатор за вработување“). Целна група се студентите од сите факултети и академии од универзитетот од Љубљана.

Во првата недела од настанот ќе се одржат семинари за развојот на знаењата и вештините за успешно излегување на дипломците на пазарот за трудот по завршувањето на студиите. Втората недела ќе биде посветена на прашањата за претприемништвото.

Со посетата на „Инкубаторот за вработување“, студентите се запознаваат со ситуацијата на пазарот за трудот, ќе ги унапредат комуникациските вештини, ќе се научат да воспоставуваат врски, да составуваат резиме и да се претстават пред работодавачот. Исто така слушателите ќе дознаат како да ги користат социјалнните мрежи за комуникација и продажба, како да добиваат приход од сопственото хоби и идеи, какви права имаат студентите во периодот на работа, какви можности им се отвораат на младите претприемачи со програмата Erasmus, како правилно да се постават целите и да се заработат пари.

Подетално за инкубаторот

Извор: efnet.si