Универзитетот од Љубљана организира прием за странски студенти од прва година

Во понеделник на 30-ти септември 2019 година, во 10:00 часот универзитетот од Љубљана организира прием за странски студенти од прва година кои што се запишани на студиските програми на овој универзитет.

Во текот на средбата на студентите ќе им бидат претставени полезни информации, поврзани со студирањето на универзитетот во Љубљана и со живеењето во Љубљана и Република Словенија. Во првиот дел од настанот студентите ќе ги консултираат за прашања поврзани со медицинското осигурување, регистрацијата за престој, стипендиите, субвенционираната прехрана и превоз. Понатаму следува презентацијата за стручната ориентација, туторство, воннаставни и други настани, организирани за студентите од универзитетот во Љубљана. Студентите ќе се запознаат со претставниците од факултетите и академиите на универзитетот, кои што се одговорни за работа со странските студенти.

Покрај тоа, странските студенти од прва година ќе добијат и детална информација за проектот Leto plus, во чии што рамки тие ќе можат да се стекнат со јазични и други вештини, стручни знаења во областите кои што тие самите ќе ги изберат, а исто така ќе можат и да се запознаат со културата, историјата и уставниот поредок на Република Словенија. Исто така ќе можат и да си го проверат нивото на знаење на словенечкиот јазик.

Извор: uni-lj.si