Универзитетот од Љубљана ве поканува на предавањето посветено на својата 100 годишнина

Во вторник, на 19-ти ноември 2019 година, во 19:00 часот во Словенската библиотека, во Љубљана, ќе се одржи предавање на професор доктор Божо Репе (од филозофскиот факултет при универзитетот во Љубљана), посветено на богатата историја на универзитетот од Љубљана, кој што оваа година одбележува 100 години од своето постоење.

Отворањето на универзитетот во 1919 година се случило како резултат на словенечката национална преродба. Иницијативата за создавање на универзитетот се родила уште во 1848 година, но се остварила дури по создавањето на Кралството на србите, хрватите и словенците. Во тоа време словенечките политичари ја искористиле ситуацијата кога се усвојувал буџетот на временото национално собрание, и како резултат на поддршката на буџетот успеале да изнудат издвојување на средства за основање на овој универзитет.

Извор: uni-lj.si