Универзитетот од Марибор ја подобри својата позиција на Шангајската листа

Универзитетот од Марибор ја подобри својата позиција на глобалниот рејтинг на универзитети – Шангајскиот академски рејтинг (Academic Ranking of World Universities – ARWU). Според податоците на крајот на јуни 2019 година, во овој рејтинг беа вклучени повеќе од 4000 универзитети, рангирани во 54 области за подготовка. Ако минатата година универзитетот од Марибор влегуваше во групата на универзитети кои што ги делат 501-600 место, во 2019 година тој се најде помеѓу 500-те најдобри универзитети во светот во 8 области на обука. Помеѓу нив се „Математика“ (201-300 место), „Физика“ (401-500 место), „Електротехника“ (401-500 место), „Хемиски инженеринг“ (401-500 место), „Педагогија“ (401-500 место), „Машинство“ (301-400 место), „Право“ (201-300 место), „Државно управување“ (151-200 место). Најголем напредок во споредба со 2018 година има постигнато во одделот „Математика“: минатата година универзитетот од Марибор во оваа гранка беше помеѓу (401-500 место).

Критериумите кои што ги користи ARWU за определување на работата на универзитетите се следните: бројот на дипломирани добитници на Нобелова награда и добитници на медалот Филдса (квалитетот на образованието составува 10% од оцената); бројот на вработени добитници на Нобелова награда и добитници на медалот Фелдса (квалитетот на вработените – 20%) бројот на истражувачи со висок индекс на цитираност, кои што работат во 21 научна област (квалитетот на вработените – 20%); бројот на статии објавени во списанијата Nature и Science (квалитетот на истражувањата – 20%); Science Citation Index (SCIE) – Индексот на научното цитирање и Social Sciences Citation Index (SSCI) – Индексот на цитирање во областа на социјалните науки (квалитетот на истражувањата – 20%); просекот на акдемските достигнувања на еден истражувач (FTE) согласно петте погоре споменати критериуми (среден показател на квалитетот – 10%).

Подетално за рејтингот

Извор: um.si