Универзитетот од Марибор ја подобри својата позиција на светскиот рејтинг на универзитети Webometrics

Научно-истражувачката група Cybernetics Lab (од Шпанија) ги објави податоците од светскиот рејтинг на универзитетите Webometrics. Во него се вклучени повеќе од 28 илјади високообразовни институции од целиот свет. Webometrics го оценува работењето на високообразовните институции врз основа на податоците кои што се достапни на нивните веб страни. Резултатите од рејтингот Webometrics се објавуваат двапати годишно.

На овој рејтинг универзитетот од Марибор го зазема 1126-то место. Во споредба со јануарскиот рејтинг, тој се има искачено за 54 места, подобрувајќи ги своите резултати во категориите „Влијание“ (Visibility; за 348 места) и „Отворенст“ (Openness; за 82 места). За последните пет години, универзитетот од Марибор најмногу ги подобрил своите позиции во категоријата „Влијание“ (Visibility) – за 3468 места.

Извор: um.si