Универзитетот од Марибор ќе организира „воведна недела“ за студентите од прва година со цел лесно и успешно да се прилагодат на образовниот процес

Од понеделник, 23-ти септември, до петок, 27-ми септември 2019 година, на универзитетот во Марибор ќе се одржи „воведна недела“ за студентите од прва година.

Новопечените студенти ќе можат да се стекнат со полезни информации за организацијата и текот на студирањето, студиските материјали, професорите, вработените од деканатот, но и други информации, кои што ќе им помогнат на студентите од првата година ефикасно да се вклопат во образовниот процес и успешно да го продолжат студирањето.

Подетално за настанот

Извор: um.si