Универзитетот од Марибор повторно е вклучен во рејтингот Times Higher Education во областа на техниката, компјутерските науки и информатика

Универзитетот од Марибор се најде на 601-800 место на светскиот рејтинг на универзитети Times Higher Education во областа на техничките науки и 501-600 место – во сферата на компјутерските науки и информатиката. Оваа година на овој рејтинг беа рангирани 1008 високообразовни установи, од областа на компјутерските науки и информатиката – 749.

Times Higher Education е единствен рејтинг, кој што ги рангира универзитетите според сите основни гранки: предавање, истражување, пренесување на знаење и меѓународна репутација. При тоа се користат тринаесет критериуми на успешност, разделени на пет гранки: предавање (образовна средина); истражување (обем, приходи и имиџ); цитати (влијание на истражувањата); меѓународни позиции (персонал, студенти и истражувања) и приход од индустријата (пренесување на знаења).

Подетално

Извор: feri.um.si