Универзитетот од Марибор реализираше студентски проект SOS Slovenščina

Факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот од Марибор во соработка со филозофскиот факултет и факултетот за природни науки и математика зема учество во студентскиот проект SOS Slovenščina. Исто така на проектот работеа и двајца вработени од Славистичкото здружение Марибор и Студентското здружение ERASMUS – студентска мрежа при универзитетот во Марибор.

Целта на овој проект се состои во разработка на мобилна апликација SOS Slovenščina. Апликацијата на веб страната sos-slovene.ff.um.si им овозможува на корисниците можност за онлајн преводи на словенечки и англиски јазик, клучните податоци за граматичкиот број, лице и 24 тематски категории. Корисниците можат да најдат соодветна лексика и примери.

Извор: facebook.com