Универзитетот од Марибор учествува во меѓународен проект за обезбедување на нула отпад и кружна економија

Универзитетот од Марибор учествува во проектот на Erasmus+ програмата „Образование за обезбедување на нула отпад и развој на кружна економија“ (Erasmus+ Education for Zero Waste and Circular Economy – EduZWaCE). Овој проект беше претставен на округлата маса „Преспективата на уништувањето на отпадот“ во Марибор и на семинарот во Стопанската комора на Република Словенија: „Стимулирање за преод кон кружна економија – обврски и можности“ во април 2019 година во Љубљана.  

На овој проект работат 10 партнери од 9 земји. Координатор на овој проект е Центарот за развој на Тесалија (Трикала, Грција). Рокот за реализација на овој проект е од октомври 2018 година до септември 2020 година.

Проектот е насочен кон реализација на програмите за стручно образование во областа на обезбедување на нула отпад и развој на кружна економија. Проектот развива навики и компетенции насочени кон управување со нулта отпад, работа со кружна економија и развој на „зелено“ вработување врз основа на соработката помеѓу образовните институции, дијалог со економијата и другите засегнати страни.

Извор: um.si