Универзитетот од Марибор учествува во реализацијата на стратегии за развој на Алпскиот регион

Факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор беше место на одржување на заседанието на петата работна група (AG5) за регионална стратегија за развој на Алпскиот регион EUSALP. Во состав на оваа група се најде и претставничката од факултетот Дарја Кукович.

Алпскиот регион AG5 се стреми за разработка на стратешки иницијативи, кои што би ја олесниле достапноста на услугите, кои што се од општ интерес, со помош на дигитализација, особено во оддалечените региони (селата). Исто така една од важните иницијативи е концептот на „Паметни села“, врз основа на кои е разработен проектот „Interreg Alpine Space: Паметни села“. Негов финансиски координатор е универзитетот од Марибор (раководител на проектот е доктор Мухаммед Турканович).

На првиот ден од работата членовите на AG5 ги дискутираа веќе разработените и новите иницијативи. Претставниците од факултетот за електротхника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор и специјалистот од службата за предавање на технологии, доктор Марушка Чуш го претставија универзитетот од Марибор и научните проекти кои што се реализираат на факултетот за електротехника.

Следниот ден во рамките на проектот „Паметни села“ тие го посетија Помурје. Овој регион се разгледува како пример за напредна пракса на „паметно“ земјоделство со посебен акцент на кратките синџири за доставување во прехранбената индустрија. Важна улога во предавањето на знаења и технологии тука игра Центарот за дигитални иновации (Digital Innovation Hub) – DIH AGRIFOOD, со кој што активно соработува универзитетот од Марибор. Учестниците во работната група се запознаа со организацијата за доставување на месните производи, високотехнолошки одгледани домати и производите од месо.  

Сите наведени примери ги следат новите тенденции од областа на дигитализацијата потенцираа во универзитетот.

Извор: um.si