Универзитетот од Марибор ве поканува на курс за подготовка за полагање на меѓународниот испитот за деловен англиски јазик: BEC Vantage и BEC Higher

Сите кои што сакаат да учат или да се занимаваат со бизнис во странство мораат да имаат валиден меѓународен сертификат за познавање на странски јазик. Успешното положување на меѓународниот испит по деловен англиски јазик отвора многу можности.

Поради тоа универзитетот од Марибор ве поканува на 20 часовен курс за подготовка за полагањето на меѓународниот испит по деловен англиски јазик: BEC Vantage и BEC Higher. Курсот започнува во понеделник, на 18-ти ноември 2019 година, во 17:00 часот на следната адреса: Разлагова, 14, просторија S 3.2., Марибор. На курсот се покануваат сите, кои што веќе добро го владеат англискиот јазик, но би сакале да отстранат некои недостатоци и да ги унапредат своите знаења на деловниот јазик и писмена комуникација.

Курсот чини – 140,00 евра со ДДВ. Пријавите за учество на курсот за деловен англиски јазик се доставуваат до 17-ти ноември 2019 година.

За повеќе информации обратете се кај професор Татјана Коропец, на телефонскиот број: 22 90 222 или преку електронска пошта: (tatjana.koropec@um.si)

Формулар за пријавување на курсот

Извор: um.si