Универзитетот од Нова Горица беше посетен од страна на амбасадорот на Република Франција

На крајот на јануари 2020 година универзитетот од Нова Горица беше посетен од страна на амбасадорот на Република Франција, Флоренс Ферари.

Во куќата на Лантиери во Випава проректорот за наука и уметност професор доктор Гвидо Братина се сретна со амбасадорот и и го претстави универзитетот. Потоа се одржа разговор во врска со соработката во областа на педагошката и научно-истражувачката дејност на универзитетот со Република Франциија и можностите за проширување на врските, најнапред, во областа на лозарството и изработката на вино.

На крајот од посетата амбасадорот ја посети Вишата школа за лозарство и изработка на вино и Центарот за истражување на вино, кадешто со неа се сретна раководителот на Центарот доцент доктор Мелита Стернад Лемут и вработениот доцент доктор Гуилауме Анталик.

Извор: ung.si