Универзитетот од Нова Горица е коорганизатор на конкурсот за бинис идеи GoStartup Weekend: регистрација за настанот

На 24-ти и 26-ти јануари 2020 година во селото Вртојба ќе се одржи настан GoStartup Weekend, на којшто ќе има конкурс за бизнис идеи и програма за предавање. Настанот ќе се одржува во рамките на проектот Retina, Interreg Slovenija – Avstrija, каде што главен партнер е универзитетот од Нова Горица. Организатори на GoStartup Weekend на овој конкурс ќе бидат Primorski tehnološki park и универзитетот од Нова Горица. Целна група се студенти, претприемачи, научници, лица и томови со бизнис идеи.

Во текот на настанот учесниците ќе формираат тимови, ќе разговараат за своите бизнис идеи, ќе добијат повратна информација од искусни професори и ќе разработат прототипи на производи, коишто ќе им одговараат на потребите на целната група на потрошувачи.

Учеството на настанот е бесплатно. Регистрацијата за овој настан е отворена до 20-ти јануари 2020 година. Службен јазик на овој настан ќе биде англискиот. Спонзор на настанот е Европскиот регионален фонд.

Подетално за овој настан

Извор: facebook.com