Универзитетот од Нова Горица го посети министрот за земјоделство, шумарство и храна доктор Александра Пивец

На крајот на јануари 2020 година универзитетот од Нова Горица го посети министрот за земјоделство, шумарство и храна на Република Словенија доктор Александра Пивец.

Во првиот дел од посетата, којшто се одржа во куќата на Лантиери во Випава, раководството на универзитетот му ја претстави на министрот педагошката и научната дејност на образовната установа. Во вториот дел од средбата двете страни разговараа за прашања поврзани со лозарството и винарството. Да напоменеме, дека од 2006 година на универзитетот во рамките на Вишата школа за лозарство и винарство во функција се истоимените студиски програми. Педагошката работа е тесно поврзана со Центарот за истражување на виното, којшто обезбедува применета и експертска дејност во областа на лозарството и винарството.

На крајот од посетата министерот му изрази поддршка на универзитетот како во областа на педагшката дејност така и во сферата на научните истражувања и работите над проектите.

Извор: ung.si