Универзитетот од Нова Горица го зазема високото 140-то место на меѓународното рангирање RUR (Round University Ranking)

Според податоците од меѓународното рангирање RUR (Round University Ranking), кој што ги оценува и рангира најдобрите универзитети во светот, во 2019 година, универзитетот од нова горица го зазема многу високото 140 – то место, што е најдобар показател како во неговата историја, така и во историјата на словенечките високообразовни институции во целост. Универзитетот од Нова горица заземал високи позиции на ова рангирање и во минатите години: во 2018 година го зазема 353 – то место, во 2017 година го зазема 186 – то место, во 2016 година го зазема 203 – то место.

Првите места на наведеното рангирање традиционално ги освојуваат познатите американски институции (Калифорнискиот технолошки институт, Стендфордскиот универзитет, Харвардскиот универзитет) и англиските универзитети (Оксфорд, Кембриџ).

Рангирањето RUR (Round University Ranking) секоја година ги оценува најдобрите универзитети во светот и ги рангира во зависност од постигнатите резултати во четири гранки: предавање, научни истражувања, интернационализација и финансиска стабилност. RUR се составува врз основа на податоците за универзитетите во светот, кои што во рамките на глобалниот проект Global Institutional Profiles Project ги собира компанијата Thomson Reuters. За анализа и оценка на квалитетот на работата на универзитетите компанијата Thomson Reuters користи 3 извори за податоци: научни публикации и колку е цитиран во Thomson Reuters Web of Science, анкетите кои што ги одржува секоја година компанијата Thomson Reuters во академската средина (така наречена Academic Reputation Survey), и статистичките податоци, кои што Thomson Reuters ги добива непосредно од универзитетите. Така се оформува базата на податоци за научните и педагошките достигнувања на универзитетите, начините на финансирање на нивната дејност, а исто така и карактеристиките на студентите и вработените во универзитетот.

Врз база на добиените податоци за рангирањето RUR биле анализирани 20 индикатори на квалитет од четирите гранки кои што ги споменавме погоре. При тоа најголема улога врз конечниот резултат играат показателите за научните истражувања (40%) и предавањата (40%).

Напоменуваме, дека од 1 мај во универзитетот во Нова Горица се одржува вториот уписен рок. Обратете се кај нас, и ние ќе ви помогнеме да ја изберете студиската програма која што идеално ќе ви одговара на вашите барања и склоности. На овој универзитет можат да си најдат програми кои што им одговараат љубителите на егзактните науки но и на љубителите на хуманитарните науки!

Извор: ung.si