Универзитетот од Нова Горица организира курсеви по словенечки и странски јазици

Во студиската 2019/2020 година факултетот за хуманитарни науки при универзитетот од Нова Горица ги организира следните јазични курсеви: курсеви по словенечки јазик (А1 – зимски семестар; В1 – летен семестар); курсеви по германски јазик (А1 – зимски семестар, А1+ – летен семестар, В1 – зимски семестар; В1+ – летен семестар); курс по англиски јазик (В1+ – зимски семестар; В2 – летен семестар).

Секој курс трае 60 часови (1 час трае 45 минут). Предавањата се одржуваат еднаш – два пати неделно. Зимскиот семестар трае од 01.10.2019 до 24.01.2020 година. Летниот семестар трае од 17.02.2020 до 05.06.2020 година. Во цената на обуката вклучена е посетата на курсевите, користењето на библиотеката, полагањето на испитот (три обиди), издавање на сертификат за положен испит.  

Подетално за курсевите

Извори: ung.si, ung.si