Универзитетот од Нова Горица потпиша договор за соработка со Средното училиште Коле Нехтенин (Република Северна Македонија)

Во вторникот на 23 април 2019 година, универзитетот од Нова Горица потпиша договор за соработка со Средното училиште Коле Нехтенин (Штип, Република Северна Македонија).

Според зборвите на директорот на училиштето Дејан Павлов, договорот предвидува размена на знаења и искуство помеѓу професорите и студентите, организација на денови на науката и технологијата, кампови и летни школи, вебинари, предавања и семинари.

Соработката исто така предвисува организирање и одржување на образовни настани, реализација на научно-истражувачки проекти и взаемна промоција.

Извор: facebook.com