Универзитетот од Нова Горица учествува во словенечко-италијанскиот проект MeMoRI-net за повишување на ефективноста на медицинската рехабилитација

Во четвртокот, на 09 мај 2019 година, во просториите на универзитетот во Нова Горица во куќата на Латијери во Випава во рамките на програмата за прекугранична соработка Interreg Italija – Slovenija 2014-2020 се одржа средба на учесницте од проектот MeMoRI-net. Главен партнер на проектот е универзитетот од Трст. Универзитетот од Нова Горица се јавува како учесник во овој проект.

MeMoRI-net е заедничка инициатива на Италија и Словенија за подобрување на стратегијата за управување со курсевите, кои што следат после мозочен удар, за составување на заеднички терапевтски и дијагностички протоколи, засновани на напредни научни знаења и најдобри меѓународни искуства. Целта на проектот е создавање на напредна регионална мрежа, во која што ќе бидат вклучени разни субјекти како специјалисти за лечење на мозочен удар, универзитетски центри, специјализанти на дијагностика и компјутерска томографија, центри за рехабилитација, санаториуми, здруженија на пациенти, лицата со мозочен удар.   

Реализацијата на MeMoRI-net е насочена кон соработка, размена на искуства и усовршување на рехабилитацијата во Италија и Словенија со посредство на ефективна програма за размена на искуства и обука на медицински екипи и семејствата на пациентите.

Извор: facebook.com