Универзитетот од Нова Горица во 2019 година се најде помеѓу стоте најдобри универзитети во светот од областа на техничките науки – Round University Ranking

Согласно неодамна објавените податоци од рејтингот Round University Ranking, во 2019 година во областа на техничките науки универзитетот од Нова Горица го зазема 77-то место, влегувајќи во бројката на 100 најдобри универзитети во светот. Тоа е најдобар резултат помеѓу сите универзитети во Словенија.

Во рамките на рангирањето во одделни категории универзитетот од Нова Горица ги доби следните резултати: рангирање светски универзитети – 71-во место, рејтинг на нивото на предавање – 49-то место, рејтинг на научни истражувања – 108-мо место, рејтинг на меѓународна мобилност – 243-то место, рејтинг за финансиска стабилност – 582-ро место.  

Подетално

Извор: facebook.com