Универзитетот од Нова Горица зема учество во словенечко-италијанскиот проект од областа на нано технологијата

Универзитетот од Нова Горица зема учество во словенечко-италијнскиот проект «Нано-регион: општо достапна мрежа за иновации врз основа на нано технологијата». Проектот се реализира во рамките на програмата за меѓуграничната соработка Interreg Slovenija-Italija.

Во проектот участвуваат 10 партнери: CNR-IOM, Università Ca’ Foscari Venezia, Технолошкиот парк на Љубљана, Центар за нано науки и напредни нано технологии, Приморскиот технолошки парк, RRA Zeleni Kras, универзитетот од Нова Горица, Elettra Sincrotrone Trieste, Università degli studi di Trieste.

Буџетот на проектот е 3,5 милиони евра. Проектот го финансира Европскиот фонд за регионален развој.

Основниот резултат на проектот, на чија реализација се потрошени 36 месеци, е ефективно предавање на технологиите од научно-истражувачките центри, кои што работат во поширокиот регион Interreg на локалните компании. Таквата цел на среден рок и на долг рок во иднина ќе овозможи да се зголеми конкурентоста, да се подобри работата и економската соработка на локалниот производствен систем.

Извор: facebook.com