Универзитетот во Љубљана ги подобри своите позиции во рејтингот Quacquarelli Symonds

Најновите резултати од рангирањето на универзитетите од целиот свет, кои што се објавени од организацијата Quacquarelli Symonds, која што го изработува еден од најверодостојните рејтинзи во светот, покажа дека помеѓу 4.983 универзитети, универзитетот од Љубљана го дели 591-600 место. Oваа година универзитетот во Љубљана го подобри своето место на рејтингот – пред една година тој се наоѓаше на 651-700 место. Во анкетата земаа учество скоро 95.000 студенти од универзитетите од целиот свет.

Водечкиот светски доставувач на информации за високото образование и професионална ориентација Quacquarelli Symonds (QS), кои што секоја година го објавува рејтингот на универзитети и нивните студиски програми, и посветува најголемо внимание на меѓународната репутација на универзитетите. Помеѓу останатите критериуми, соодносот помеѓу бројот на професори и студенти, бројот на цитирани научни работи на еден професор, репутацијата кај работодавачите, а исто така и бројот на странски студенти и професори.

Во споредба со минатогодишниот резултат, универзитетот од Љубљана имаше мал напредок според критериумите за соодносот на професори и студенти, што е показател за квалитетот на образовниот процес, меѓународната репутација и репутацијата на неговите вработени.

Извор: efnet.si