Универзитетот во Љубљана ве поканува на семинарот „Водење бизнис во бројки за неекономисти“

28, 29 мај и 05 јуни 2019 година на факултетот за економија при универзитетот во Љубљана ќе се одржи семинар „Водење бизнис во бројки за неекономисти“. Учесниците на семинарот ќе се запознаат со концепциите во бизнисот, со различните видови расходи, основни финансиски извештаи и нивна анализа, кои што се сметаат за основа за донесување на деловни решенија.

Програмата на семинарот е наменета за менеџери од областа на економијата и државно управување, директори и раководители од различни сектори, а исто така и за сите, кои што донесуваат деловни решенија а при тоа немаат економско образование, или кои што би сакале да си ги освежат своите основни знаења од областа на бизнисот, сметководството и финансиите.

Подетално

Извор: efnet.si