Универзитетот во Љубљана ќе раководи со новата европска универзитетска мрежа ЕУТОПИА

Во средата, на 12 декември 2018 година, на Универзитетот во Љубљана свечено беше потпишан договорот за вклучување во европската универзитетска мрежа EUTOPIA – European University Alliance. Ова е прво формално потпишување на ваков конзорциски договор во ЕУ, чиј координатор ќе биде Универзитетот во Љубљана. Европската универзитетска мрежа ЕУТОПИА ја оформија Универзитетот во Варвик од Обединетото Кралство, Универзитетот Paris Seine и  Vrije Universiteit Brussel (VUB). На оваа европска универзитетска мрежа ѝ се приклучија уште две нови членки – Универзитетот Pompeu Fabra од Барселона и Универзитетот во Гетеборг.

овата европска универзитетска мрежа ЕУТОПИА е во рамките на европската иницијатива на „Универзитетот на иднината“, предлог на францускиот претседател Емануел Макрон. Станува збор за важно вклучување на Универзитетот во Љубљана во меѓународната мрежа на европските универзитети: University of Warwick, University Pompeu Fabra, Paris-Seine University, Gothenburg University, Vrije Universiteit Brussels, кои ќе ги обединат силите за пријавување на конкурсот на Европската комисија.

Цели на конкурсот се стимулирање на поголема мобилност; квалитет во образованието и научните истражувања; зацврстување на односите во наставата, истражувањата и иновациите, како и пренос на знаење и прикажување на предностите на повеќејазичното учење, признавање на квалификациите и развој на заедничките образовни и истражувачки програми и проекти.

Интернет-врска: uni-lj.si