Универзитетот во Марибор доби европски средства за основање суперкомпјутерски центар

На Универзитетот во Марибор со радост ја добија одлуката, Службата на Владата на Република Словенија за развој и европска кохезиска политика, финансиски да го поддржи проектот Надградба на националните истражувачки инфраструктури – HPC RIVR.

Во рамките на проектот ќе биде заснован суперкомпјутерски центар со цел зајакнување на високоспособните компјутерски капацитети за потребите на словенечкиот истражувачко-иновациски и стопански простор.

Водечки проектен партнер е Универзитетот во Марибор, а конзорциски партнери на проектот се Институтот за информациски науки (IZUM) и Факултетот за информациски студии во Ново Место (FIŠ).

Вкупната сума финансии наменети за реализација на проектот изнесува 20 милиони евра, при што придонесот на Европскиот фонд за регионален развој е 16 милиони евра.

Интернет-врска: um.si