Универзитетот во Марибор објавува конкурс за наградата за најдобри студенти во областа на спортот, културата, воннаставната и волонтерската работа

Универзитетот во Марибор објавува конкурс за доделување на следните награди: Медал Леон Штукељ и Плакета Леон Штукељ (наградите се за истакнатите спортски достигнувања на студентите од универзитетот во Марибор); Признание за посебен придонес во развојот на воннаставната дејност во универзитетот во Марибор; Признание за високо достигнувања во културата за студент од универзитетот во Марибор; Признание за најдобар волонтер за студент од универзитетот во Марибор. Целта на наградувањето е охрабрувањето на креативниот придонес на студентите во настаните во наведените сфери и изразување благодарност за големите достигнувања.

Се покануваат студентите од студиската програма, од магистерската програма и од докторската програма при универзитетот во Марибор да земат учество во конкурсот.

Пријавите за учество треба да се достават до 15 април 2019 година до 12 : 00 часот на адресата: Студентски совет при универзитетот во Марибор, Сломашков трг, 15, 2000, Марибор, во затворено плико и во еден примерок, со назнака: »Dopolnitev vloge za nagrado UM – ne odpiraj!«.

Имињата на победниците ќе се објават до крајот на април 2019 година. Нив ќе ги избере трочлена експертска комисија во согласност со Студентскиот совет на универзитетот во Марибор.

Подетално

Извор: ft.um.si