Универзитетот во Марибор организира акција за собирање на слатки и играчки под мотото „За разиграни детски насмевки“

Студентскиот совет на Универзитетот во Марибор ве кани на традиционалното собирање на слатки и играчки за децата од социјално загрозените семејства, кои ќе бидат обдарени за време на божиќните денови од Сојузот на Пријатели Младина од Марибор.

Собирачката акција со слоганот „За разиргани детски насмевки“ ќе трае до 14-ти декември 2018 година. Старите, новите играчки и слатките можете да ги пуштите во кутиите, кои се означени и наменети за таа цел.

Кутиите во кои се собираат подароците се наоѓаат на ФЕРИ во библиотеката и во рефератот. Подароците можете да ги оставите и во Универзитетската библиотека во Марибор.

За повеќе информации обратете се на: feri@um.si, +386 2 220 7000

Извор: feri.um.si