Универзитетот во Марибор организира голем настан Erasmus Day 2019

Во четврток на 10-ти октомври 2019 година, во 15:00 часот на плоштадот Трг Леон Штукљ во Марибор ќе се одржи голем меѓународен студентски настан Erasmus Day 2019.

Целна група на овој настан се: студентите од универзитетот во Марибор, посебно – бруцошите и странските студенти, кои што студираат во Марибор по програмата за размена на студенти. Организатори нa настанот се универзитетот од Марибор, Erasmus Student Network Maribor (ESN Maribor), Студентскиот совет на универзитетот од Марибор и Клубот на студенти од марибор (KMŠ). Целта на настанот е обезбедување на детална информација за програмата за мобилност Erasmus+.

Erasmus Day 2019 ќе се отвори со меѓународна парада на која што ќе учествуваат повеќе од 500 странски студенти од 30 земји од светот. Тие ќе поминат низ центарот на градот од Ректоратот на универзитетот во Марибор до плоштадот Трг Леон Штукљ. Програмата Erasmus Day 2019 исто така предвидува презентација на студентки здруженија, различни музички и забавни настани за студентите и нивните другари, наградни игри и разговор со давателите на услуги за студенти.

За повеќе информации напишете на следната електронска адреса: erasmus@um.si.

Официјална веб страна на настанот Facebook

Извор: um.si