Универзитетот во Марибор организираше конкурс за избор на најдобар студент

Универзитетот од Марибор заедно со партнерите – компаниите Elektro Maribor d.d., Energija plus d.o.o. и OVEN Elektro Maribor d.o.o. – организираше конкурс за избор на најдобар студент на универзитетот во Марибор. Конкурсот се организираше со цел поттикнување на големи успеси на студентите и нивна мотивација во понатамошното студирање.  

Според оценките на експертната комисија, за најдобра студентка на универзитетот во Марибор беше избрана студентката од прва година од магистерската програма „Организација и менаџмент на кадри и образовни системи“ од факултетот за организациски науки, Ана Ламбич. Второто место го освои студентката од втора година од истата магистерска програма, Ана Грегорц. Третото место го освои студентката од шестата година од магистерската програма „Општа медицина“ од факултетот за медицина, Мартина Медвед.

Најдобрата студентка од универзитетот во Марибор се стекна со парична награда во износ од 600 евра, кои што ги обезбеди компанијата Elektro Maribor d.d. Наградата за второто место изнесуваше 400 евра кои што беа обезбедени од страна на компанијата Energija plus d.o.o. Наградата за третото место во износ од 200 евра ја обезбеди компанијата OVEN Elektro Maribor d.o.o.

На победниците наградите им ги врачи ректорот на универзитетот од Марибор професор доктор Здравко Качич, претседателот на управниот одбор на компанијата Elektro Maribor d.d. магистер Борис Сович, директорот на компанијата Energija plus Бојан Хорват, а исто така и В.Д. проректорот за работа со студенти Жива Лединек.

Извор: um.si