Универзитетот во Марибор организираше работна средба, посветена на развојот на научно-истражувачката инфраструктура во Дунавскиот регион

На 2 и 3 април 2019 година универзитетот во Марибор организираше работна средба со учестниците на проектот «Имплементирање на висококвалитетна научно-истражувачка инфраструктура во Дунавскиот регион» (Embeddedness of high quality research infrastructure in the Danube Region – RI2integrate). Претставниците на сите партнерски организации кои што присуствуваа раскажаа за моменталните резултати во работатата и разговараа за чекорите кои што следат, неопходни за успешна реализација на проектот. Координаторите на некои групи ја претставија моменталната ситуација и ставија акцент на пилот проектите, а исто така и колегијално ги усогласија идните активности и можностите за оптимизација на заедничката работа. Во текот на настанот учесниците на средбата го посетија универзитетскиот бизнис инкубатор Tovarna podjemov.

Да додадеме дека проектот RI2integrate го кофинансира Европската Унија во рамките на интернационалната програма «Подунавие 2014-2020».

Извор: um.si