Универзитетот во Нова Горица е 203-ти во светот и прв во Словенија

Според RUR (Round University Ranking) меѓународното рангирање, кое ги оценува и рангира најдобрите универзитети во светот, во 2016 година Универзитетот во Нова Горица го завзема 203-тото место и стана дел од светската универзитетска елита“ – јавуваат нивните претставници.

Истовремено, Универзитетот во Нова Горица стана најдобриот словенечки универзитет. Традиционално, првите места на RUR рангирањето ги завземаат најпознатите американски и британски универзитети, како што се Калифорнискиот Институт за Технологија, Станфорд Универзитетот, Харвард, Оксфорд и Кембриџ.

Универзитетот во Нова Горица го завзема 87 место во областа на предавачките активности. Според изјавата од нивната канцеларија за односи со јавноста: „Ова стана возможно благодарение на идеалната комбинација на бројот на предавачи и студенти“. Според сите оценувања на квалитетот, универзитетот е во сериозна предност пред другите словенечки универзитети како и пред многубројни образовни институции од Централа Европа, како што се Универзитетот во Трст, Универзитетот во Грац и Универзитетот во Падова.

RUR рангирањето на годишно ниво ги оценува најдобрите образовни институции и ги рангира според генералниот индекс во четири области: образование, истражување, меѓународна активност и финансии. 

За да  изврши анализа и оцена, рангирањето на RUR ги зема предвид публикациите на научните трудови во меѓународните списанија, информациите од годишните истражувања од рангираните компајлери (Thomson Reuters) добиени од интервјуата со претставниците на академската средина и статистичките податоци кои доаѓаат директно од универзитетите. Крајниот резултат е главно под влијание на индикаторите за истражувачки и образовни активности, а во меѓувреме се зема во предвид големината на образовната институција, така што големите и малите универзитети можат да се споредат еквивалентно.

Универзитетот во Нова Горица исто така истакнува дека Европската комисија посвети големо внимание на нивниот успех. Извештајот на Европската комисија за научната работа на високообразовните установи од Стариот свет за периодот  од 2007 до 2011 година, забележува дека според критериумите на научните достигнувања и кредибилитетот на публикациите, како и според нивното влијание врз светската наука, Универзитетот во Нова Горица е една од првите пет образовни институции заедно со Оксфорд, Кембриџ, Политехничкиот институт во Лозана и ЕТХ од Цирих.

Извор: primorske.si